Синоќешното доделување на наградите Греми собра голем број музички ѕвезди во Лос Анџелес.
Најголемиот настан во музичката индустрија се одржа во Crypto.com арената, а водител на истиот беше Тревор Ноа. Пејачката Сиза, чие вистинско име е Солана Имани Роу, водеше по бројот на номинации, а веднаш зад неа беше Тејлор Свифт.
Најпосакуваната награда, Албум на годината, заврши во рацете на Тејлор Свифт, а ѝ беше доделена од Селин Дион. Златниот грамофон за Песна на годината го доби Били Ајлиш за „What Was I Made For“, додека во категоријата Видеозапис на годината победи Мајли Сајрус со „Flowers“.
Славните гостинки, со мали исклучоци, не сакаа премногу да експериментираат со облеката. Најголем дел од нив избраа гламурозни и елегантни стајлинзи кои им ја истакнаа фигурата.
Погледнете како изгледаа ѕвездите присутни на 66-тото издание на Греми: