Зендаја знае како да се истакне од толпата. На ревијата на Schiaparelli во Париз, ѕвездата од „Euphoria“ мамеше погледи со драматичен изглед.
Атрактивната холивудска ѕвезда, која неретко е нарекувана „кралица на стилот“, се искачи на скалите од „Petit Palais“ во црн стајлинг од францускиот моден бренд кој вклучуваше здолниште со долга волуменозна „опашка“.
Зендаја носеше обувки со црвен ѓон, преку кои внесе малку боја во својот стајлинг.
Фризурата со кратки шишки додаде доза на драматичност во целокупниот изглед на славната актерка и пејачка.