Мистичното царство на ноќта е преточено во новата енигматична колекција на Зухаир Мурад.
Фустани од тантела со остри бели јаки, елегантни силуети со романтична и деликатна чипка, инспирација од крилјата на пеперутките... Моделите за сезоната pre-fall 2024 на славниот дизајнер несомнено ќе се најдат на големите холивудски свечености и забави.
Покрај црната и белата боја, во колекцијата доминираат и аметист, смарагд и кралско сината нијанса.
Погледнете ги новите модни дела на талентираниот либански креатор: