Оваа седмица, Лејди Гага неколкупати беше во фокусот на објективите на фоторепортерите.
35-годишната пејачка мамеше погледи во четири гламурозни стајлинзи, додека го напушташе хотелот „Plaza“ во Њујорк.
Белиот фустан, во кој Гага изгледаше како холивудска ѕвезда, доаѓа од модната куќа Џамбатиста Вали, додека палтото е од Фенди.
Црната волуменозна креација е дело на Александар МекКвин.
Црно-белиот фустан со шлиц е со потпис на Џузепе ди Морабито, додека розовиот доаѓа од ателјето на Александра Рич.
Лејди Гага оваа недела ќе настапи со легендарниот Тони Бенет, кој пред шест месеци откри дека има Алцхајмерова болест.