Мила Кунис се врати повторно под светлото на рефлекторите. 33-годишната актерка присуствуваше на првиот свечен настан по раѓањето на своето второ дете.
На црвениот тепих по повод промоцијата на филмот „Bad Mom's Christmas“, славната сопруга на Ештон Кучер зачекори во црн комбинезон од Brunello Cucinelli. Својот стилски избор, Мила го надополни со сандали од Santoni.
Кунис го роди своето второ дете на почетокот од декември минатата година. Покрај синчето Димитри, Мила и Ештон имаат и ќерка, Вајат Изабел, која сега има две години.