Меланија Трамп ги прослави велигденските празници со стил. 47-годишната прва дама на САД деновиве привлекуваше погледи во елегантни модни изданија.
За традиционалниот велигденски собир во дворот на Белата куќа, шармантната сопруга на претседателот Доналд Трамп носеше сино палто од Барбери и црни панталони и чизмички.
Претходно, Меланија и Доналд со синот Барон беа во нивната вила Мар-а-Лаго во Флорида. За посетата Меланија избра совршен пролетен стајлинг, кој вклучуваше фустан од Азедин Алаја, обувки од Кристијан Лобутин и бело палто.
Заедно со нив беше и Тифани, ќерката на Доналд.