Доналд и Меланија Трамп беа почесни гости на вечера организирана од индискиот претседател Рам Нат Ковинд и неговата сопруга Савита.
На свеченоста, која се одржа во претседателската палата во Њу Делхи, 49-годишната прва дама на САД мамеше воздишки во розова креација.
Долгиот фустан доаѓа од ателјето на Каролина Ерера и чини речиси 3.000 долари, а Меланија го искомбинира со розово-бели балетанки.
На вечерата присутни беа и Иванка Трамп со сопругот Џаред Кушнер.