Меланија Трамп повторно го покажа својот изострен вкус за мода. Поранешната прва дама на САД шармираше во ефектен стајлинг додека го придружуваше својот сопруг Доналд на гласањето на прелиминарните избори во Флорида.
53-годишната Словенка избра бел кошула-фустан со голема црна орхидеја, кој го спои со чанта од Шанел, тенок колан на половината, црни очила за сонце и црни салонки од Кристијан Лобутин. Креацијата е дело на Александар Меквин.
Доналд повторно влегува во трката за претседателската фотелја. Изборите ќе се одржат во ноември.