Меланија и Доналд Трамп зедоа учество во церемонија по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето во САД.
73-годишниот Претседател и 50-годишната Прва дама им оддадоа почит на паднатите херои на воените гробишта во Арлингтон.
Меланија зрачеше со сериозност и елеганција во бело палто со златни детали од Гучи кое чини 3.500 долари.
Соединетите американски држави се сериозно засегнати од кризата со коронавирусот, па за време на церемонијата беше одржувана дистанца.