Доналд и Меланија Трамп ја започнаа својата прва официјална посета на Франција. Парот пристигна во Париз, каде подоцна ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Првата дама избра креација од француската модна куќа Кристијан Диор. Црвениот костум со здолниште Меланија го избрала во консултација со дизајнерот Ерв Пјер.
47-годишната сопруга на претседателот на САД ја посети најголемата педијатриска болница во Париз, каде имаше можност да поразговара со некои од малите пациенти.
За заминувањето од Вашингтон, Меланија носеше црно-бела комбинација од Ескада.