Меланија Трамп избра совршен летен стајлинг за почетокот на семејниот викенд одмор. Првата дама на САД беше фотографирана на тревникот на Белата куќа додека со синот Барон и сопругот Доналд се упатуваше кон претседателскиот хеликоптер.
Заедно со нив беше и мајката на Меланија, Амалија Кнавс.
Меланија носеше цветни панталони од Ердем, бела кошула и жолти чевли со потпис на Маноло Бланик.
На краткиот одмор во Њу Џерси беа поканети и Иванка Трамп и Џаред Кушнер со нивните три деца.