Позитивни модни критики непрекинато се слеваат на адреса на Меланија Трамп. Првата дама на САД плени со дамски комбинации во дипломатските кругови, но и со покежуал облека за порелаксирани пригоди.
Додека со Доналд се упатуваше кон хеликоптер за да го започнат нивното патување кон неговиот голф клуб во Бедминистер, Њу Џерси, Меланија блескаше во бели панталони и кошула.
Целосниот изглед таа го зачини со жолти акценти. Елегантната чанта доаѓа од модната куќа Барбери, а нејзините обувки се со потпис на Маноло Бланик.