Меган Маркл започна со извршување на своите кралски обврски. 36-годишната војвотка ја придружуваше кралицата Елизабета на официјална посета на Чешир.
Војвотката и кралицата патуваа со кралскиот воз и пристигнаа во Чешир во утринските часови.
За оваа пригода, сопругата на принцот Хари избра елегантна креација од Живанши, додека кралицата Елизабета носеше светло зелен костум од Стјуарт Парвин и соодветна шапка од Рејчел Тревор Морган.
Кралското дуо се сретна со архитекти и претставници на општината и посети локални училишта и детски библиотеки.