Меган Маркл одлета во Њујорк за да ја поддржи својата пријателка Серена Вилијамс за време на нејзиниот натпревар со Бјанка Андрееску на УС Опен.
За оваа пригода, 38-годишната Војвотка избра тексас кошула-фустан од брендот J.Crew кој веднаш се распродаде по тенискиот меч.
Многумина упатија критики до Меган што го оставила 4-месечното синче Арчи дома во Велика Британија само за да присуствува на тениски натпревар.
Меган на трибините седеше и навиваше покрај семејството на Серена.
Во тешкиот меч, Серена не успеа да извојува победа.
Меган и Серена долги години се многу блиски пријателки.