Меган Маркл и принцот Хари повторно пристигнаа во Велика Британија, а овојпат, повод за нивната посета беше отворањето на самитот на организацијата „One Young World“.
На настанот, поранешната актерка се појави облечена во црвено од глава до пети. Модната комбинација е дело на брендот Another Tomorrow.
Како членка и советник на „One Young World“ од 2014 година, Меган беше поканета да одржи говор на манифестацијата во Манчестер.