Принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на бејзбол мечот помеѓу Boston Red Sox и New York Yankees, кој викендов се одржа во Лондон.
За оваа пригода, војвотката од Сасекс носеше црн фустан од Стела Мекартни и балетанки од Aquazzura.
Пред да започне натпреварот, Меган и Хари ги посетија тимовите за да им посакаат среќа и да им ја дадат својата поддршка.
Кралскиот пар доби слатки подароци од двата тима, кои им подарија дресови за 2-месечното синче Арчи.