Почетна » Новости » Занимливости » Најдолгиот брак на светот трае... Пар од Бразил го сруши Гинисовиот рекорд за најдолг брак

Најдолгиот брак на светот трае... Пар од Бразил го сруши Гинисовиот рекорд за најдолг брак

Се прашувате колку години трае најдолгиот брак?

Одговорот е повеќе од 84 години. Имињата на 105-годишниот Маноел Ангелим Дино и 101-годишната Марија де Соуса Дино стојат во Гинисовата книга за Најдолг брак од личности кои се сè уште живи.

Маноел и Марија Маноел и Марија

Парот од Бразил се запознал во 1936 година, а има 13 деца, 55 внуци, 60 правнуци и 14 пра-правнуци. Само девет од нивните деца се сè уште живи.

Маноел се вљубил на прв поглед во Марија, која ја запознал додека работеле земјоделие со своите семејства. Тие стапија во брак во 1940 година кога тој имал 21 година, а таа 17.

Маноел и Марија Маноел и Марија

Запрашани која е тајната за долг и среќен брак, тие одговориле: ЉУБОВТА.

Маноел и Марија Маноел и Марија

Најдолгиот брак некогаш регистриран е на Дејвид и Сара Хилер кој траел 88 години и 349 дена, додека Сара не починала во 1898 година на 106-годишна возраст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.