Меган Маркл го прекина породилното отсуство и им се врати на кралските должности.
38-годишната поранешна актерка беше специјална гостинка на лансирањето на капсулна модна колекција за хуманитарната организација „Smart Works“, чија цел е на невработени жени да им обезбеди квалитетна облека и тренинг за интервју за работа.
Меган беше облечена во бела кошула и црни панталони од самата колекција, во која се вклучени и сако, чанта и фустан.
За секое купено парче од колекцијата, едно ќе биде донирано во организацијата „Smart Works“ за да ѝ послужи на жена на која ѝ е неопходно да изгледа претставително на интервју за работа.
Минатиот месец, Меган ги изненади жените кои позираа за фотосесијата за колекцијата.
#SussexRoyal have posted a behind the scenes preview of the recent promotional shoot for Duchess Meghan’s upcoming @SmartWorksHQ capsule collection (in partnership with @jlandpartners, @InsideJigsaw, @mishanonoo and @marksandspencer). More details coming soon! pic.twitter.com/U2mWnA2rAF
— Omid Scobie (@scobie) August 21, 2019