Меган Маркл и принцот Хари синоќа во Њујорк ја добија наградата „Ripple od Hope“ од Непрофитната организација за човекови права „Роберт Ф. Кенеди“.
41-годишната војвотка од Сасекс избра бел фустан од Луј Витон и чантичка од Живанши. На нејзината рака блескаше прстен со аквамарин кој ѝ припаѓаше на принцезата Дијана. Се смета дека изборот на бел фустан од страна на Меган има поголемо значење, бидејќи белата боја симболизира мир.
Хари и Меган беа наградени за нивната хуманитарна работа која ја вршат преку Фондацијата „Archewell“, каде се фокусирани за подигнување на свеста за проблеми поврзани со расизмот, сексизмот и менталното здравје.
При пристигнувањето, принцот Хари како вистински џентлмен ѝ го држеше чадорот на Меган за да не биде наврната.