Почетна » Новости » Мода » Македонскиот бренд „Be." со голем успех – нивна фотографија забележана и објавена на платформа на Vogue

Македонскиот бренд „Be." со голем успех – нивна фотографија забележана и објавена на платформа на Vogue

Македонскиот моден бренд „Be." постигна значаен успех на меѓународно ниво, на поле на фотографија од нивната најнова, сè уште необјавена колекција Be. WANTED е избрана и објавена на реномираната платформа Photo Vogue, дел од глобалната Condé Nast мрежа.

Фотографијата, дело на талентираниот фотограф Дарко Митев, е снимена во рамките на фотосесијата за новата колекција, која ќе биде лансирана во недела попладне. Високите уметнички стандарди на Photo Vogue ја прават оваа објава уште повредна, бидејќи платформата курира и ги промовира најинтересните креативци во современата фотографија и мода.

Be. x Vogue Be. x Vogue

Photo Vogue претставува архив и сцена за уметници од целиот свет, поврзувајќи ги со престижните модни и медиумски брендови на Condé Nast. Со над 6.000 уметници, 37 брендови и присуство во 32 пазари, оваа платформа е препознатлива по својата посветеност на визуелна инклузивност, иновација и уметничка вредност.

Со ова признание, „Be." се позиционира како македонски бренд што го надминува локалниот пазар и станува дел од глобалната модна приказна.

Be. x Vogue Be. x Vogue Be. x Vogue

Со лансирањето на Be. WANTED, брендот продолжува да ја негува својата уникатна визија и да го редефинира начинот на кој модата комуницира со уметноста. Останува да се види како новата колекција ќе биде прифатена, но едно е сигурно – "Be." веќе испраќа јасна порака дека македонската мода има што да каже на глобално ниво.

Be. x Vogue Be. x Vogue Be. x Vogue

#BeAuthentic #BeLimitless #BeVogue #BeWANTED

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.