Зад името на Сабијасачи Мукерџи се крие еден од најталентираните и најуспешните индиски дизајнери.
43-годишниот љубител на деталите од Калкута секојдневно го одушевува модниот свет со традиционални свадбени модели, а неговите креации неретко ги разубавуваат боливудските филмови. Индиската традиционална женска облека „сари“ е константа во колекциите на Мукерџи.
Колекцијата висока мода за сезоната пролет е инспирирана од Раџастан.
Сабијасачи има соработувано со многу познати дизајнери, меѓу кои и Кристијан Лобутин.