Почетна » Новости » Мода » Магична стилска бајка: Модерна елеганција инспирирана од зимска идила со потпис на Кокев

Магична стилска бајка: Модерна елеганција инспирирана од зимска идила со потпис на Кокев

Модернистичка интерпретација на стилски класици, префинети креации со магнетски атрактивни детали, софистицирана естетика и идеални дози на романтика ја одликуваат актуелната колекција на Тања Кокев.

Колекцијата е создадена да ве внесе во светот на зимската убавина.
Кокев

Истакнатата македонска дизајнерка ја презентираше колекцијата есен/зима 2023-24 на ревија со која инстантно иницираше каскада од комплименти и развиори многу женски модни фантазии.

Шоуто, поддржано од IQOS ILUMA, беше инспирирано од зимска идила, а привлече публика со истенчено сетило за мода која со љубопитни погледи ја проследи секоја комбинација.

Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24 Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24

Кога станува збор за визијата и инспирацијата за новите модели, амбициозната креаторка вели:

За новата колекција, нашата инспирација е зимската идила. Замислете си снежни пејзажи, прекрасни снежни падини и магична атмосфера која ја носи зимата. Оваа колекција е создадена да ве внесе во светот на зимската убавина и да ви донесе топлина и удобност во студените денови.

Користејќи се од боите на снегот и мразот и небесно сината боја, креиравме модели кои ќе ве остават без здив. Од класичниот кашмир до модерните шик кроеви, секој дизајн е внимателно изработен со цел да ја истакне вашата индивидуалност и да ве заштити од студот.

Оваа колекција не само што ќе ве награди со модерен изглед, туку и ќе ви обезбеди комфор и топлина.

Зимата е време за уживање во природата и во претстојните празници. Си поигравме и со божиќните бои за да ја заокружиме целата приказна околу зимската магија.

Имав среќа мои соработници да бидат IQOS, на кои сум им бескрајно благодарна, бидејќи безусловно ја поддржаа идејата и се вклучија во реализација на истата со вистински ентузијазам. Она што посебно ме воодушеви од оваа соработка е моментот што ми дадоа надеж дека во Македонија има вистински професионалци кои вистински си ја сакаат работата. Тоа е за восхит и почит, бидејќи е реткост.

Кокев

Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24 Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24

Дефинирајќи го стилот врз кој е градена колекцијата и опишувајќи ја палетата, Кокев појаснува:

Нашиот фокус во стилот е модерната елеганција. Со оваа колекција, го претставуваме совршеното спојување на модерни трендови и класичен шик.

Од класичните капути со чисти линии и елегантни детали, до модерните кроеви, секое парче од оваа колекција е дизајнирано да го истакне вашиот индивидуален стил и да ви донесе удобност и самодоверба.

Боите на оваа колекција се вдишуваат со зимската атмосфера - од класичните црни, бели и сиви до топлите нијанси на кафе и греено црвено вино. Секоја боја е внимателно избрана да се вклопи во зимската палета и да ви овозможи да го изразите својот стил на најдобар начин.

Оваа колекција е наменета за сите модни ентузијасти кои сакаат да изгледаат стилски и модерно, без да компромитираат на комфорот и квалитетот.

Беше прекрасно да ги видам моделите кои го носат нашиот дизајн со голема самодоверба и стил. Никогаш не сум сигурна до крај, додека не излезат на писта. Дури тогаш го имам одговорот. Гостите беа воодушевени од моделите и дизајнот, сè уште ги слушам нивните позитивни коментари и реакции.

Кокев

Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24 Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24

Ревијата се одржа во просторот на Fame’s Project, а музичкиот дел на шоуто му беше доверен на Дарко Марковски. Гостите имаа можност да се запознаат со IQOS ILUMA, – најновото портфолио на иновативните и технолошки најнапредните уреди за загревање што не создаваат чад од тутун, туку аеросол, кој содржи 95 отсто помалку штетни материи, наменети за полнолетни лица кои би продолжиле да користат други производи со никотин.

За да ѝ овозможи на публиката незаборавно доживување и да обезбеди целосна сетилна стимулација, Кокев внимателно го обмислила секој аспект:

На наше големо задоволство, имавме преубав простор, просторот на Fame’s Project, кој ги задоволува сите критериуми за игра со светло и одлична акустика. За комплетно доживување на настанот, повторно палката беше во рацете на врвниот Дејан Пројковски. Режисер кој ги собра сите награди во регионот и без кој не би можела да замислам да правам настан. Музиката беше избор на одличниот диџеј Дарко Марковски. Сетот на Дарĸо Марĸовсĸи исполнет со мелодии со ĸласичен занесен грув, претопени со делови на музика од филм за топла атмосфера со хипнотичен зимски амбиент и мирис на цимет.

Почетоĸ со „сонлива“ песна со делови од филмот „Вили Вонĸа и фабриĸата за чоĸолади“. На моменти музика за танцување, исполнета со вокални линии преку диско и фанк ера до прекрасни длабоки и класични бас линии ориентирани кон подиум со уникатен допир на атмосфери, со цел да се одржи високо ниво до крај на ревијата, која заврши со техно ĸласиĸата „Мадам Холивуд“, ĸоја зборува за гламурот и површноста, каде што лесно може да се изгубите во прекумерност и слава.

Кокев

Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24 Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24

До последен момент, популарната дизајнерка имала позитивна трема, но успеала да ја надмине, а реакциите од присутните уште повеќе ја охрабриле да верува во себе и во нејзиниот тим.

Што се однесува до тремата, секако дека имав. Посебно неколку дена пред и непосредно пред шоуто. На еден состанок со соработниците од IQOS, тремата беше највидлива. Имаа дента некој интерен настан и здели со мали чоколатца. Настанот остана без чоколатца, важно тремата ја снема :).

Со поддршката на мојот тим и тимот на IQOS и со доверба во нашиот дизајн, успеав да ја пребродам и да се фокусирам на тоа да ја претставам нашата колекција на најдобар начин. Кога ги видов реакциите на гостите и колку го ценат нашиот труд, сите треми и нервози исчезнаа. Навистина сум горда на оваа колекција и благодарна на мојот тим.

Кокев

Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24

Опишувајќи ги фундаменталните дизајнерски правила според кои се раководи при творењето, Кокев е категорична дека се придружува до:

  1. Функционалност: Првичната цел на нашите дизајни е да бидат функционални и удобни за носење.
  2. Естетика: Стремиме кон креирање на модни парчиња кои се естетски пријатни и кои ги одразуваат последните трендови во модата. Нашите дизајни се фокусираат на чисти линии, елегантни детали и внимателно одбрани бои, што ги прави модерни и стилски.
  3. Квалитет: Квалитетот е од големо значење за нас. Секое парче од нашата колекција има прецизна изработка и затоа оваа колекција, како и сите претходни, е во соработка со конфекцијата Кули од Прилеп, во која имаме доверба дека нашата замисла ќе биде изреализирана како и што сме ја замислиле.
  4. Индивидуалност: Сакаме нашите клиенти да се чувствуваат уникатни и да го изразат својот стил преку нашите дизајни и најважно, секое парче да го има печатот на Кокев.

Кокев

Кокев ревија - колекција есен/зима 2023-24

Иднината на Кокев очигледно е многу светла, а допрва ќе добие и уште едно засилување – Клара Кокев. За својата наследничка, Кокев често вели дека ѝ е вечна инспирација и со гордост говори за нејзината инволвираност:

Мојата ќерка Клара е навистина вечна инспирација за мене. Таа има феноменална смисла за стил и мода и секогаш ме надминува со својата креативност и уникатен израз. Нејзините предлози и идеи често имаат влијание врз финалната визија на моите модели. Често ја прашувам за нејзиното мислење и совет. Ми помага во изборот на бои, принтови и детали. Младоста секогаш носи свежина. Клара заедно со мојата млада дизајнерка Маги, се многу поблиски во сензибилитет и неретко се тие две наспроти мене.

Клара ми помага да ги надминам своите граници и да ги претставам најдобрите модни дизајни, но финалната одлука и одговорност секогаш е на мене. Нејзиното време допрва доаѓа, има уште многу за да биде добар дизајнер, но бескрајно верувам во неа и го чекам моментот кога ќе се врати од студии и заедно да го растеме Кокев.

Кокев

Ревијата беше од типот „see now, buy now“, затоа што најновите креации се достапни во продавницата на брендот Кокев во East Gate.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.