Лејтон Мистер повторно ја оживеа Блер Волдорф и им разбуди носталгија на љубителите на хит-серијата „Gossip Girl“.
38-годишната актерка влезе во својата стара улога за снимањето на нова модна кампања. Лејтон е лицето на новата соработка помеѓу брендовите St. John и Edie Parker. Таа го презентираше ограниченото издание на чантите Tweed Burn.
Лејтон, заедно со Блејк Лајвли, Ед Вествик, Чејс Крафорд и Пен Баџли беа дел од серијата за животот на привилегирани тинејџери од Менхетен, која привлекуваше внимание со сплетките и пресвртите, но и со атрактивните модни комбинации на ликовите.