Летото сè уште трае, а топлото време нè примамува да експериментираме со комфорни модни комбинации кои ќе ни дадат шик изглед.
Марибел Домингез им помага на стотици илјади жени да си го подобрат стилот и да експериментираат со изгледот. Шпанската блогерка, која обожава долги колоритни фустани, секојдневно ги споделува своите стилски приказни на социјалните мрежи.
„Животот е поубав со насмевка на лицето“ – тврди таа и позира со широка насмевка на секоја фотографија.