Добриот изглед најчесто е во гените, а тоа го докажуваат и Кристи Тарлингтон и нејзината ќерка Грејс.
Поранешниот супермодел, кој во 90-тите години го освојуваше модниот свет, сними модна кампања со 20-годишната ќерка. Веднаш по објавувањето на фотографиите започнаа да се редат коментари за сличноста во нивниот изглед.
Слободно може да се каже дека Грејс е копија на својата славна мајка.
Фотосесијата на 55-годшната манекенка и нејзината ќерка е за кампањата „Classic for Generations“ на брендот Keds.