Кралиците Летиција и Максима мамеа воздишки на средбата која се одржа во кралската палата во Амстердам.
51-годишната кралица на Шпанија и 52-годишната кралица на Холандија пленеа во софистицирани модни комбинации кои го истакнаа нивното чувство за стил.
За оваа пригода од официјалната посета на Холандија, Летиција избра твид креација со долги ракави со исечоци од брендот Moisés Nieto, која ја надополни со складни тиркизни модни додатоци. Својот изглед, таа го финишираше со бежов моден додаток за глава и бежови обувки.
Кралицата Максима зрачеше во црвено од глава до пети. Сопругата на кралот Вилем-Александар носеше комбинација од високата мода на брендот Natan.