За време на официјалната посета на Германија, кралицата Летиција и кралот Фелипе присуствуваа на свечена вечера оранизирана во нивна чест во дворецот Белви во Берлин.
49-годишната припадничка на шпанското кралско семејство изгледаше грациозно во црвена креација со наметка. Фустанот е дело на Стела Мекартни, а Летиција го искомбинира со златни сандали од Џими Чу и чантичка од Магрит.
Истата креација Летиција ја носеше во 2017 година за роденденската прослава на кралот на Холандија, Вилем-Александер.