Кејт Мос со децении ја владее умешноста да изгледа шик, а нејзиното појавување на ревија во Париз не отстапуваше од стилската формула кон која се придржува.
50-годишниот супермодел со ноншалантен стајлинг привлекуваше внимание на машката ревија на Диор во Градот на светлината и љубовта. Облечена во сив комплет со кратки панталони и сако, Мос седеше во првиот ред.
Долгоногата убавица беше придружувана од нејзиниот партнер, грофот Николај фон Бизмарк.