Почетна » Новости » Мода » Која е бојата на 2013 година?

Која е бојата на 2013 година?

Смарагдно зелената е прогласена за боја на 2013 година. Богатата ведра нијанса, која потсетува на скапоцениот камен смарагд, ќе ја одбележи следната година.

Анџелина Џоли во смарагдно зелен фустанАнџелина Џоли во смарагдно зелен фустан

Софистицираната и луксузна боја во многу култури и религии се поврзува со убавина и нов живот. Моќниот претставник на семејството зелени нијанси се асоцира и со просперитет, единство, баланс и хармонија.

„Тоа е бојата на растењето, обновувањето, лекувањето, единството и регенерацијата – зборови од кои сите имаме голема потреба во овој момент од историјата“ – изјавила Леатрис Ајсмен, извршен директор во Pantone.

Смарагдно зеленаСмарагдно зелена Смарагдно зелена

Бојата на годината која ја одредува Pantone има големо влијание не само во модната и козметичката, туку и во сите други гранки на индустријата.

Смарагдно зелена

Годината што привршува ѝ беше посветена на црвено-портокаловата боја. Розово-црвената беше боја на 2011 година, а тиркизната ја одбележа 2010 година.

Колоритната историјаКолоритната историја

Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, а позната е по својот систем за стандардизација на боите.

Ви се допаѓа ли изборот?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.