Почетна » Новости » Мода » Бојата на 2016 година е...

Бојата на 2016 година е...

Всушност, две се.

За првпат Pantone избра не една, туку две нијанси кои ќе ја одбележат годината што ни чука на врата. Станува збор за дуо од бебешки нијанси на розова и сина боја, наречени „Розов кварц“ (Rose Quartz) и „Спокојство“ (Serenity).

Боја на 2016 година

„Розов кварц е моќна, а сепак нежна нијанса која пренесува сочувство и чувство на присебност. Спокојство е бестежинска и воздушна, како распространетоста на синото небо над нас и ни носи чувство на олеснување и релаксација, дури и во турбулентни времиња“ – се вели во извештајот на Pantone.

„Ова е фузија на две нијанси. Има смиреност, но има и среќа во нив“ – изјави Леатрис Ајсмен, извршен директор во Pantone.

Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година Боја на 2016 година

Бојата на годината која ја одредува Pantone има големо влијание не само во модната и козметичката, туку и во сите други гранки на индустријата. Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, а позната е по својот систем за стандардизација на боите.

Колоритна историја

„Marsala“ беше бојата која ја одбележа 2015 година, додека претходно владееше „Radiant Orchid“. Фрлете поглед врз боите кои беа избирани од Pantone во годините наназад. Боја на 2016 година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.