Во студените денови сите преферираме топли модни комбинации кои ќе нè заштитат од ниските температури, а истовремено ќе нè истакнат од толпата.
Викторија Соловјева е блогерка од Москва која ќе ве инспирира со своите стилски приказни, меѓу кои можете да пронајдете кежуал, шик, па дури и деловни модни комбинации.
34-годишната мајка на едно дете е меѓу најдобрите стилистки во Русија, а на Instagram досега има 235 илјади следбеници.