Камила Морон истовремено се пробива и во модната и во филмската индустрија.
На фотографиите од новата кампања, Камила го покажува својот сексапил во парчиња од колекцијата за претстојната топла сезона.
„Парчињата во нашите колекции за пролет/лето се колоритни и смели, токму како Камила. Пресреќни сме што ја имаме неа како ѕвезда во нашите кампањи за 2019“ - изјави дизајнерката Рами Шарп.
Атрактивниот модел и 44-годишниот холивудски актер се во врска повеќе од една година.