Како и секоја година, така и оваа, галата Baby2Baby собра голем број славни дами кои сакаа да придонесат за помош на сиромашни семејства.
Алесандра Амбросио не ја одби поканата да присуствува на настанот во Вест Холивуд организиран од непрофитната организација која им ги овозможува на сиромашните деца основните нешта за живот.
42-годишната манекенка, која до 2017 година ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, изгледаше како модерна Пепелашка. Таа носеше розов балски фустан од дизајнерката Моник Лулие, кој го надополни со чантичка од Џудит Либер.
Иако во изминатиот период се ширеа гласини дека таа раскина со Ричард Ли, тие минатиот месец го потврдија спротивното за време на прошетка во Калифорнија.