Ќерката на Хајди Клум тргна по стапките на својата славна мајка. 16-годишната Лени заедно со 47-годишниот супермодел сними моден едиторијал за „Вог“ Германија.
На насловната страница, познатата Германка ја бакнува ќерка си во образ. И двете се облечени во складни аутфити.
Клум изјави дека многу се гордее со својата ќерка. „Многу сум горда на тебе. Не поради тоа што го избра овој пат. Знам дека без разлика по кој пат ќе тргнеш, тоа ќе биде твој пат. Секогаш знаеш што точно сакаш и што не сакаш. Ти не си моја мини копија. Среќна сум за тебе што сега ќе можеш да ни покажеш точно која си“ – ѝ рекла познатата манекенка.
„Знам дека не е лесно да бидеш моја ќерка. Никогаш немаше можност да растеш ‘нормално’. Но, што е нормално? Веројатно не е ни тоа да растеш со три различни татковци“ - рекла Хајди.
Лени е дете на Хајди од врската со Флавио Бријаторе, а потоа беше посвоена од вториот сопруг на Клум, музичарот Сил.
Моментално, Хајди е во брак со 31-годишниот Том Каулиц.