Со кампања снимена на островот Милос во Грција, Milla Nova ја претстави новата колекција венчаници.
Инспирирани од морето, невестинските фустани од колекцијата Calypso се микс од безвременски шик и модерен дизајн, а имаат за цел да ја разбудат божицата која се крие во секоја идна невеста. Колекцијата се состои од 70 различни креации кои можат да задоволат сечиј вкус.
„Корсети како школки, апликации од чипка како морски ѕвезди, опашки како сирена, слоеви од тул како олицетворение на морската пена, многу светки кои ја симболизираат рефлексијата на сонцето на морето и други елементи на морето се претставени во деталите на креациите“ – пишуваат од брендот.