Карин е холандска блогерка која привлекува погледи со својот игрив и колоритен ретро стил.
Љубителката на дамски комбинации од Амстердам тврди дека не верува во модните правила и дека носи само облека во која се чувствува убаво и комфорно.
Карин поседува стотици колоритни здолништа и волуменозни фустани и вели дека кога би можела да истрча маратон, би го истрчала на високи потпетици.
„Мојата љубов кон тулот не треба да ве изненадува. Кога навистина не знам што да облечам, фаќам шарено здолниште од тул и го комбинирам со едноставна блуза и штикли. Инстантно се чувствувам како милион долари“ – пишува Карин.