Брендот Eva Lendel се ослонува на минимализмот во новата невестинска колекција за 2021 година.
Водејќи се од правилото „Помалку е повеќе“, американската модна куќа создаде венчаници кои ќе ги освојат невестите кои сакаат да се чувствуваат женствено и префинето на нивниот специјален ден.
Голем дел од моделите доаѓаат со специјални додатоци – нежна наметка, ракави или волуменозно здолниште.