Принцот Хари и актерката Меган Маркл досега посветено ја криеја врската од јавноста. Парот, за кој се шпекулира дека наскоро ќе ја објави и својата свршувачка, беше фотографиран на „Invictus Games“ во Торонто.
33-годишиот припадник на британското кралско семејство и 36-годишната ѕвезда од „Suits“ проследија тениски натпревар на учесници со инвалидитет.
Хари и Меган беа фотографирани и во изминатите месеци, но ова е прв настан на кој официјално се појавуваат заедно.