Почетна » Новости » Мода » Есенски трендови од Springfield за идеален лежерен изглед

Есенски трендови од Springfield за идеален лежерен изглед

Есента е на прагот, а Springfield ни ги нуди идеалните парчиња за лежерен изглед во склад со најновите трендови.

Back to Casual

Springfield

Уште една сезона, „колеџ“ стилот е актуелен во есенската колекција на брендот.

Тренди и урбаните парчиња во лежерен стил добиваат ретро изглед, а на моделите преовладуваат црвените, сините и светло кафените нијанси.

Женствена линија со многу детали во нов и свеж изглед! Палетата на бои содржи црвена и тегет нијанса, кои се комбинираат со светло кафени тонови, присутни на џинс парчињата: фармерки, јакни и фустан-кошули. Главни елементи кои преовладуваат се пругастите шари на кошулите, џемперите и здолништата, збогатени со хералдички амблеми и војнички копчиња.

Springfield Springfield Springfield Springfield

Парчињата кои не смеете да ги пропуштите: кратко здолниште со поширок крој во пруги и војнички копчиња, џинс со странични вертикални линии, „бомбер“ јакна со контрастни бои на крагната и ракавите.

Springfield Springfield

Mix & Match

Springfield

Со доаѓањето на септември, доаѓа нов свет на контрасти во гардеробата на Springfield.

Карираниот принт, флоралните везови, розовата како контрастна боја и црната како основна, се клучни елементи во женската колекција за оваа нова сезона.

Springfield Springfield Springfield Springfield Springfield Springfield Springfield

„Гингам“ шарата се појавува на фустаните и кошулите во нова комбинација на бои: светло кафеава и црна. Цветните везови и вештачките кожни елементи се појавуваат на јакните и џинс моделите, како и на здолништата во А-крој. За топол есенски изглед не заборавајте го пончото и розовите крзнени чанти.

Daily Smart

Сет од парчиња за „кул“ канцелариски изглед. Новиот концепт кој го разви брендот во оваа линија, секој месец ќе воведува новитети и трендови во машката и женската колекција.

Springfield Springfield Springfield

Женската линија се базира на мешавина од сиви и морнарско сини тонови. Како контрастни нијанси се комбинираат розовата и светло сината боја. Како клучни елементи се појавуваат пругасти и карирани шари во посуптилно издание на широките панталони, здолништата и фустаните.

Springfield Springfield Springfield

Наборите на здолништата, фустаните и блузите се повторно тренд и оваа сезона, како и ѕвонестите ракави и џемперите со „чокер“ крагни. Истите се комбинираат со други клучни парчиња - моторџиски јакни од превртена кожа, плетени фустани во различни должини и парка-јакни со вештачко крзно.

Springfield Springfield Springfield Springfield Springfield Springfield Springfield

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19483 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.