Почетна » Новости » Мода » Springfield прогласен за најдобар трговски објект за 2014 година

Springfield прогласен за најдобар трговски објект за 2014 година

Продажните места на брендот Springfield, кој е дел од групацијата Fashion Group, го освоија првото место за Најдобар трговски објект за 2014 година, награда која ја доделува Град Скопје во соработка со SWOT Research. Springfield ja освои наградата во категоријата Бутици.

Suiteblanco

Наградата за Најдобар трговски објект се доделува традиционално по осми пат во повеќе категории, а е резултат на истражувањето и оценувањето кое SWOT Research го спроведе од 1 до 30 ноември 2014 година. Критериумите, по кои таканаречени тајни купувачи (mystery shoppers) ги оценуваат трговските објекти, го опфаќаат целокупниот процес на купување – од првичниот впечаток при влез во продажното место, преку услугата, љубезноста, уредувањето на продавницата, начинот на плаќање и дополнителните елементи на продажбата, па сè до нејзиното завршување и заминувањето на купувачот од продавницата.

Наградата доаѓа во вистински момент и е одлично заокружување на 2014 година, кога Fashion Group посвети особено внимание на дополнителни тренинзи и обуки за вработените со цел да се подобри искуството на секој купувач во продажните места на групацијата. Потврдата дека Springfield и останатите брендови се на вистински пат, е мотив повеќе да се продолжи добрата работа, која резултира со успех и задоволни купувачи и во годината која доаѓа.

Suiteblanco

Springfield е шпански бренд и е дел од групацијата Fashion Group од 2006 година со продавници во Скопје - ГТЦ, ТЦ Рамстор, Скопје Сити Мол и една продавница во ТЦ Сума во Куманово. Моделите на Springfield промовираат лежерна мода за жени и мажи со европски сензибилитет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.