Почетна » Новости » Мода » Есенски модни новитети од Springfield на кои постојано ќе се навраќате

Есенски модни новитети од Springfield на кои постојано ќе се навраќате

Неуморните женски очи секогаш се во потрага по солидна модна инспирација и облека во која вреди да се инвестира, а Springfield го нуди и едното и другото.

Шпанскиот бренд со актуелната колекција докажува дека на модниот трон секогаш има простор за новитети кои ќе играат клучна улога во составувањето на привлечни комбинации.

Шармантни фустани и во ладни денови

Стилската афера со шармантни фустани не трае само во летните денови. И кога температурите во континуитет водат кон нулата, фустаните си задржуваат статус на фаворити во дамските плакари.

Комбинирајте ги со најдрагите чизми во кои безгрижно трчате низ улиците и наметнете ги со омиленото волуменозно палто или мантилче и е невозможно да погрешите.

FashionGroupФустан Springfield FashionGroupФустан Springfield FashionGroupФустан Springfield FashionGroupФустан Springfield

Плетенини за кул изглед и топло тело

Деновиве, плетенините природно застануваат во предните редови на гардероберот. Неопходни ни се за добро да нè згреат, но и да ни дадат ноншалантен изглед.

Полн погодок се дводелните комплети од краток топ и кардиган.

FashionGroupЏемпер Springfield FashionGroupЏемпер Springfield FashionGroupЏемпер Springfield FashionGroupЏемпер Springfield

Секогаш ДА за добар тексас

Мора да признаеме – добри фармерки се секогаш добредојдени. Тие ни стануваат централна фигура во градењето на секојдневни стајлинзи, но честопати се ѕвезди и во шик ноќни комбинации.

Во есенските денови, тексасот традиционално освојува и во форма на јакни и кошули, а Springfield нуди повеќе варијанти.

FashionGroupФармерки Springfield FashionGroupФармерки Springfield FashionGroupКошула Springfield FashionGroupЈакна Springfield FashionGroupЈакна Springfield

Многу повеќе есенски модни парчиња од Springfield ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.