Александер Ван дер Белен пристигна во Скопје. Претседателот на Република Австрија и неговата сопруга Дорис беа пречекани со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски.
На церемонијата присуствуваше и Елизабета Ѓоргиевска. 50-годишната македонска прва дама блесна во сина креација за официјалната средба.
Теми на разговор помеѓу двата претседатели на оваа средба се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.