ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најпознат и најдобар моден бренд, со спектакуларно Bridal Show се претстави во гламурозно светло пред публиката во новиот и комплетно модернизиран евент центар на хотелот „Цар Самуил“ во Банско, Струмица.
Раскошот што ова bridal show го донесе со себе, е само уште еден доказ за успешноста, квалитетот и гламурот што ЕЛЕНА ЛУКА го носи со себе и за високата мода која ја промовира. Модниот спектакл на кој бевме сведоци раскажа една вонземска бајка преку совршените венчаници на ЕЛЕНА ЛУКА каде што секоја венчаница е своевиден уникат и неповторливо исткајана приказна за љубовта и бесконечната креативност на дамата визонер и предводник на модниот бренд – ЕЛЕНА ЛУКА. Ценетите гости и пријатели на ЕЛЕНА ЛУКА уживаа во перформансот што наши музички ѕвезди го прикажаа, додека моделите на ЕЛЕНА ЛУКА дефилираа нежно и бајковито во прекрасниот амбиент и низ авангардната сценографија на евент центарот на Цар Самуил, воодушевувајќи се од сето она што беше прикажано од нашиот најдобар моден бренд како резултат на сета работа и креативна енергија вложена низ годините наназад.
Ја имавме честа да поразговараме со дамата која е главната водилка и творец на брендот сите овие години, ЕЛЕНА ЛУКА. Прашана за спектакуларното шоу што го проследивме и за целата организација, таа ни сподели:
„Навистина сум презадоволна од она што го видовме вечерва. Подготовките беа комплексни со едно специфично сценарио, така што освен предобар дизајнерски тим којшто ги дизајнираше овие венчаници во секоја смисла со квалитетни материјали, презентацијата ја направивме на еден уникатен начин. Во целата организација учествуваше еден сериозен тим, во кој имаше големи уметници, музичари, новинари, водители, а сето тоа се случи во преубавиот Цар Самуил, како едно место каде што продолжува традицијата да се прават најдобрите семејни веселби." – истакна таа.
„Тајната на успехот е континуирана работа, многу креација, сериозна едукација во тоа што го работите и оригинална идеја на една будна муза со постојано творење. Успехот секако се должи и на сериозна едукација во техничката изведба на моделите, технолошки напредок во смисла познавање на материјалите коишто се имплементираат во самите модели, уникатната идеја којашто подразбира доста креативност, нови форми, функционална облека и сериозна и уникатна естетика и сметам дека сето тоа ја оддели ЕЛЕНА ЛУКА од сите други брендови коишто твореа во Македонија. Нескромно ќе кажам дека едноставно го зачувавме првото место." – ни ги сподели таа своите емоции и гледишта за успесите на модниот бренд.
Говорејќи, пак, за евент центарот на Цар Самуил, го продолживме разговорот во контекст на значењето и намената на истиот:
„Евент центарот не е новитет, Цар Самуил со оваа сала постои од 80-тите години, но сега доби еден сосема нов изглед и после долги години се направи една огромна инвестиција со реновирање на просторот, пропратено со најнова технологија, со ефекти и можности за реализација на различни настани, од семејни веселби до најразлични професионални и бизнис евенти коишто може одлично да се изработат со сериозна логистика и поддршка од комплетниот тим на Цар Самуил."– ни раскажа Елена за услугите и можностите кои ги нуди евент центарот на Цар Самуил.
Навраќајќи се на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, и што може да очекуваме следно од нив, таа ни сподели:
„ЕЛЕНА ЛУКА е бренд којшто постојано твори со неколку колекции паралелно и во различни правци, работиме bridal колекции како оваа што вечерва ја видовте, но работиме и ready-to-wear луксузна колекција, а особено сме познати и по custom работата, односно модели по нарачка за најразлични пригоди за нашите постојани клиенти. Тие модели ги работиме комплетно со наш материјал, идеја и реализација во функција на нашите клиенти и со тоа им нудиме уникатни и неповторливи модели. Би кажала дека сите линии се секогаш активни и секој месец имаме нешто ново, затоа што модата во последно време е посебно брза. ЕЛЕНА ЛУКА работи со полно темпо и секогаш им нуди на своите клиенти нови форми, бои и убавина."
Гостите можеа да проследат 70-тина ексклузивни венчаници, во прекрасна атмосфера на која како домаќини се појавија харизматичните водители Снеже Велков и Марко Марк, а целиот спектакл беше поддржан и воден од музичката поддршка на префинетиот пијанист Јордан Петрушевски, моќните вокали на баритонот Иван Наумовски и оперската пејачка Ева Живковска, како и искусниот шарм на оперската дива Дешира Ахмети-Крлиу, а додека пак, коктел-забавата на крајот беше збогатена со прекрасниот перформанс на поп-пејачката Ана Петановска придружувана од Стефан Петановски на гитара. Како заокружување на целата магична вечер, можевме да уживаме во спектакуларен повеќеминутен огномет, по што забавата продолжи со истата магија и гламур.
ЕЛЕНА ЛУКА уште еднаш ја покажа доминацијата во светот на модата и преку ексклузивитетот што ни го прикажа со ова bridal show ни го долови светот на магијата, убавината, високата мода, уметноста и неприкосновената енергија со која твори и освојува. Низ сиот тој раскош, можевме да видиме и неколку bridal креации за деца, со што вечерта доби уште поубава и понежна нота. Ние ќе продолжиме да ја следиме оваа неуморна креативна идеологија и да ви ги пренесуваме сите детали онака како што впрочем и заслужува нашиот величенствен бренд ЕЛЕНА ЛУКА.
Комерцијален текст