Вчера, холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима пристигнаа во Лондон за да се сретнат со британското кралско семејство. Ова е прва официјална посета на Британија од холандски монарх од 1982 наваму и ќе трае два дена.
Кралскиот пар беше пречекан лично од кралицата Елизабета II, која му посака топло добредојде.
Сосема очекувано, 47-годишната кралица Максима доби бројни комплименти за своите стајлинзи во британската престолнина.
За пристигнувањето во Лондон, таа избра розов палто-фустан со колан од холандскиот моден дизајнер Claes Iversen.
На крајот од денот, членовите на холандското кралско семејство присуствуваа на државен банкет во Бакингемската палата. За таа важна пригода, кралицата Максима избра креација од Jan Taminiau. На главата, таа ја носеше препознатливата тијара Стјуарт, која содржи син дијамант од 39,75 карати.
Вилем-Александар и Максима стапија во брак во 2002 година во Амстердам и заедно имаат три ќерки.