Почетна » Новости » Мода » Диор конечно назначи наследник на Џон Галијано

Диор конечно назначи наследник на Џон Галијано

Кристијан Диор конечно прогласи наследник на генијалниот, но контроверзен дизајнер, Џон Галијано.

Како што се шушкаше уште од февруари, Раф Симонс е новиот креативен директор на врвната француска модна куќа. 44-годишниот дизајнер ја претстави својата последна колекција за брендот Жил Сандер за време на Миланската недела на модата, со што уште тогаш ги подгреа гласините дека можеби тој е новиот главен дизајнер на Диор.

Раф СимонсРаф Симонс со солзи на очите ја поздрави публиката на неговата последна ревија за Жил Сандер

„Кога за првпат слушнав за отворената позиција во Диор, си помислив дека ова е она вистинското“ – изјавил Симонс.

„Господинот Кристијан Диор отсекогаш ми бил најинспиративниот кројач. Во светот, името Диор е симбол за ултимативната елеганција и префинетост. Поласкан сум и почестен што ќе станам уметнички директор на најпрославената француска модна куќа во светот“ – дополнил тој.

Раф Симонс од една страна е неочекуван избор, бидејќи неговата љубов кон минимализмот се судира со ултра женственоста со која се карактеризираат колекциите на Диор. Но, поупатените веруваат во неговиот потенцијал.

Дел од последната колекција на Раф СимонсДел од последната колекција на Раф Симонс за Жил Сандер

„Раф Симонс е неверојатно талентиран дизајнер“ – изјавила Александра Шулман, уредничката на британскиот Вог.

Марк Џејкобс со месеци беше фаворит меѓу дизајнерите кои беа во трката за пополнување на местото на Галијано.

Џон Галијано беше отпуштен од Диор пред повеќе од една година поради вербален напад и упатување антисемитски навреди кон пар во Париз. По неговото заминување, колекциите на Диор останаа под диригентската палка на десната рака на Галијано, Бил Гајтен.

Џон ГалијаноЏон Галијано

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19915 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.