Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Тејлор Момсен во реклама за парфем на Џон Галијано

ВИДЕО: Тејлор Момсен во реклама за парфем на Џон Галијано

Бунтовничката Тејлор Момсен е рекламното лице на најновиот женски парфем на дизајнерот Џон Галијано, наречен „Parlez-moi d'amour“.

Приказната зад рекламата е дека Теjлор патува низ Европа со нејзиниот бенд и се заљубува, а додека е во Берлин, без интернет или мобилен, пишува љубовно писмо.

Тејлор Момсен

Во видеото 17-годишната ѕвезда од Gossip Girl пишува долго писмо, што се совпаѓа со концептот за шишенцето на парфемот, затоа што шишенцето е во облик на плик и на него има мала цветна поштенска марка. Во позадина се слуша песната на Тејлор „You“.

Тејлор Момсен

Тејлор, која е вокалистка на групата Pretty Reckless, е и рекламно лице на Material Girl, модната линија на Мадона и нејзината ќерка.

„Parlez-moi d'amour“ во превод од француски би значело „зборувај ми за љубовта“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.