Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Диор го отпушти Џон Галијано поради расистичкото видео

ВИДЕО: Диор го отпушти Џон Галијано поради расистичкото видео

Француската модна куќа Диор денес го отпушти својот главен дизајнер Џон Галијано откако на интернет се распространи видео во кое познатиот дизајнер навредува девојка во француски бар со антисемитски изјави.

Во видеото може да се слушне како Галијано вели: „... го сакам Хитлер... луѓето како вас би требало да се мртви, а вашите мајки, вашите предци да се задушени со гас.“

Натали Портман, која е заштитно лице на парфемот Miss Dior Chérie, силно ги осуди ваквите навреди на 50-годишниот дизајнер и изјави дека како „горда Еврејка“ не сака на никаков начин да биде поврзана со Галијано.

Галијано во петокот беше уапсен и испрашуван од полицијата поради друг вербален напад и упатување на антисемитски навреди кон пар во Париз. Неколку часа подоцна беше и суспендиран од Диор.

Денес започнува Париската модна недела во чии рамки в петок Галијано требаше да ја презентира својата најнова колекција. Сè уште нема официјални информации дали ќе се одржи модното шоу на Диор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19915 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.