Кралицата Летиција и кралот Фелипе моментално се на првата официјална посета на Велика Британија. За време на својот престој во Лондон, шпанскиот кралски пар присуствуваше на банкет во Гилдхол, каде се сретна со принцезата Ана.
66-годишната ќерка на кралицата Елизабета достојно ги пречека претставниците на шпанското кралско семејство.
44-годишната Летиција мамеше воздишки кај присутните на свеченоста. Префинетата дама се појави во елегантен фустан во кралска сина боја, кој го надополни со блескавата тијара „Mellerio Floral“, дијамантски накит и чантичка од Фелипе Варела.