Почетна » Новости » Мода » „Денешните жени сакаат да имаат облини“: Викторија Бекам искрена за промените на телото и желбата да се чувствува секси

„Денешните жени сакаат да имаат облини“: Викторија Бекам искрена за промените на телото и желбата да се чувствува секси

Викторија Бекам е ѕвезда во 14-те изданија на списанието „Grazia“ низ светот. Славната дизајнерка ќе ги краси сите насловни страници на луксузното издание (The Luxe Issue).

На сите фотографии, Бекам носи креации од својата нова линија облека VB Body.

Викторија Бекам

Во интервјуто, 48-годишната сопруга на Дејвид Бекам зборуваше за промените кои се обидува да ги направи на нејзиното тело и желбата да се чувствува секси.

„Старомоден е ставот да сакаш да бидеш многу слаба. Сметам дека жените денес сакаат да изгледаат здраво и со облини. Сакаат да имаат гради и задник“ – изјавила таа.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Како мајка на 10-годишната Харпер, Викторија вели дека е среќна што денес жените знаат да ги ценат облините и да се чувствуваат слободно и самоуверено.

„Има многу жени со облини во Мајами и тие изгледаат фантастично. Ги покажуваат своите тела со многу самодоверба. Таквите став и стил за мене се многу ослободувачки. Како мајка, ми се допаѓа фактот што Харпер е покрај такви жени кои ги слават нивните облини и уживаат во тоа како изгледаат“ – додала Викторија.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Викторија призна дека се обидува да го обликува своето тело и дека сака да се чувствува повторно секси.

„Веќе неколку години, колку повеќе време поминувам работејќи со мода, колку повеќе облека носам, завршувам „закопана“ под сите тие слоеви облека.“

„Минатата година, кога започнав повторно да излегувам, по Ковид, сакав промена. Сакав повторно да се чувствувам секси. Иако се облекувам за себе, го обожавам фактот што Дејвид ме сака во тие фустани. Мажите сакаат да видат малку облини“ – признала таа.

Поранешната членка на „Spice Girls“ сега се фокусира на тренинзи со тегови. „Отсекогаш се плашев од тешките тегови, но сега излезе дека ги сакам. Имам дури специјални ракавици за носење. Убаво е да ги менувате работите. Имам многу мускулен тонус сега“ – додала Бекам.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.