Меланија Трамп присуствуваше на самит за превенирање на сајбербулинг (малтретирање и насилство со користење на технологија). Првата дама на САД се појави на настанот во Мериленд во деловно издание.
Костумот е дело на Мајкл Корс, светлосината кошула е од брендот Chloé додека обувките се со потпис на Маноло Бланик.
Борбата против сајбербулингот и учењето на децата на позитивно однесување на интернет е дел од иницијативата „Be Best“ која Меланија ја лансираше во мај.
Во рамките на својот говор, таа рече: „Во денешното глобално општество, социјалните мрежи се неизбежен дел од животот на децата. Тие можат да бидат искористени на многу позитивни начини, но исто така, можат да бидат деструктивни и да повредуваат кога се користат погрешно.“
Говорот на Меланија поттикна многу медиуми да ја наречат хипокрит, затоа што нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, редовно го користи Twitter за да навредува и да се заканува.